Bag in Box

Системот за пакување Bag in Вox (Кеса во кутија) е сѐ попопуларен во индустрија на пакување течни продукти. Најпопуларен е во областа на пакување на природни овошни сокови и вино. Херметичката затвореност и непропустливост на вентилот кој овозмужува испуштање на течноста, а не дозволува навлегување на кислород или бактерии во кесата, му го продолжува рокот на траење на производот без држење на истиот во фрижидер. Сокот и виното спакувани на овој начин не менуваат вкус ниту квалитет по отворање. Нашата компанија е овластен застапник на компанијата ВАЛ-БЕГ за Македонија .

ИДНИНАТА Е ВО ИНОВАТИВНИ ПАКУВАЊА