Кеси за вакуум пакување

Вакуум кесите се одличен начин за заштита на кашкавал, сирење и сувомесни производи за време на процесот на дистрибуција. Кислородната бариера го зачувува воздухот со што го продолжува животниот век на производот додека стои изложен во продавницата , го спречува расипувањето на продуктот ,а повеќеслојната бариера од специјално направени материјали го оддржува интегритетот на продуктот. Нашите силни и издржливи кеси го подобруваат вкусот и изгледот на продуктот од процесот на производство до продажниот процес. Ви нудиме широк избор на бариерни кеси со одлични карактеристики во сите димензии и тоа како транспарентни така и печатени до 6 бои. Освен најчестата употреба во месната и млечната индустрија истите се користат и за пакување маслинки, маринирани печурки, јаткасти прозводи итн. Кои се предностите на користење на овие кеси?
- Зачувување на квалитетот на продуктот
- Подолготрајно складирање на свежо месо
- Подобрување на квалитетот на вкусот и мекоста на месото
- Спречување на губење на тежина
- Ефективно прозиводство
- Подобрена презентација

СПАКУВАЈТЕ ГО СОВРШЕНО ВАШИОТ ПРОИЗВОД