За нас
Компанијата Бликпродукт-М е основана 2007 година со цел да го унапреди и подобри снабдувањето на индустриите за производство на млечни и месни продукти со квалитетно пакување.
Од мала компанија со години израсна во водечка фирма од оваа област која ги снабдува најголемите индустрии во Македонија со материјали за пакување.
Понудата која во почеток беше ориентирана кон вакуум пакување, денеска е проширена и на многу други производи кои им се потребни на прехрамбените индустрии.
Компанијата е во постојан раст и надградување, се со цел да ги задоволи високите стандарди и потреби на клиентите и да го олесни нивното функционирање.